Дестинации

“Изгубениот град” кај Закинтос е природен феномен

„Столбовите“, „ѕидовите“ и „поплочените улици“ откриени на морското дно во близина на грчкиот остров Закинтос, за кои се претпоставуваше дека се остатоци од одамна „изгубен град“, всушност, претставуваат форми создадени по природен пат, објавија грчките медиуми.

„Го истраживме подводниот локалитет и утврдивме дека, всушност, воопшто не станува збор за остатоци на цивилизацијата – во прашање е природна геолошка појава, предизвикана од подводни гсови – изјавил Џулијн Ендрус, водечкиот автор на истражувањето.

Она што на нуркачите им се чинело како поплочени подови и кружни столбови се, всушност, творби на мајката природа, настанати пред 2,6 до 5 милиони години. Формите на локацијата се создадени од минерални наслаги од микроби, кои се хранат со метанот што излегува од пукнатините на морското дно.

На стручњците уште по откривањето на „градот“ им било чудно што немало остатоци од монети, грнчарија и бројни други употребени предмети кои обично се пронаоѓаат на ваквите локации, но за секој случај сакале да ги почекаат комплетните резултати од тестовите пред да го донесат конечниот заклучок, пишува „Њузер“.

Научниците во прв момент не можеле со сигурност да кажат дека станува збор за природна појава, бидејќи ваквите креации обично не се проноѓаат во толку плитки води. Најголем број откритија се случиле на длабочини од неколку стотици, па и илјада метри, додека оваа структура се неоѓа на само неколку метри длабочина.

Напиши коментар