← НАЗАД НА БОЗА

Јадете во вистинското време и слабејте без мака

Јадете во вистинското време и слабејте без мака
460 Читања

Идеалната линија нема да ја постигнете со изгладување. Хранете се правилно и во право време. Доколку сте едни од оние кои се на работа по осум часа и тоа “врзани” за столчето, сигурно јадете нездрава храна и грицкате нешто постојано. Сето тоа ќе резултира со наталожени маснотии, спор метаболизам и вишок на калории.

За да не дојде до тоа ова се неколку совети кои треба да почнете да ги практикувате уште денес.

Појадок во 07:00 часот

Кога ќе заѕвони будилникот и вашето дишење нагло се убрзува потребни ви се намирници богати со витамин Ц. Идеален појадок е: 3 лажици овесни снегулки, 3 лажици јогурт и 3 лажици млеко со 250 гр сезонско овошје. Совет: за додатна витаминска бомба направете лимонада од цеден лимон или грејпфрут.

Мала ужина во 10:00 часот

Нивото на шеќерот во ова време во организмот е на ниско ниво. Затоа чувствувате потреба за храна. Затоа слободно земете банана, јаболка, круша или било кое друго сезонско овошје. Доколку не сте голем љубител на овошјето тогаш слободно земете зеленчук, а тоа може да бизе зготвен карфиол, моркови, тиквици во комбинација со младо сирење.

Ручек во 13:00 часот

Работната моќ во ова време го достигнува својот максимум. На организмот му е потребна дополнителна енергија и е време за ручек. Наместо да посегнете по масните оброци спремете си нискокалоричен оброк од дома. Одлично е кога во оброкот би имале риба и зеленчук. Доколку сакате тоа може да биде ориз со зеленчук, пилешко месо со свеж зеленчук и слично.

Време за кафе 15:00 часот

Во ова време нивото на шеќер во крвта повторно се намалува. Ова е одлично време за кафе. За додатна енергија може да земете една рака бадеми. Во ова време може да земете и едно парче леб намачкано со мармалад. Ова е идеална замена за чоколадата.

Вечера во 18:00 часот

Конечно работниот ден заврши. Наместо да легнете на кревет пред телевизор подобро би било да одите во теретана или пак дома да направите неколку вежби. Тоа е време кога мускулите најдобро се оформуваат. Вечерата нека биде составена од белковини и јаглехидрати. Може да подготвите вкусни шпагети со доматен сос. Ова е само еден предлог, а може да направите било што само нормално да се придржувате до правилото тоа да  бидат протеини и јаглехидрати.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk