← НАЗАД НА БОЗА

Јаглехидрати пред, а протеини по тренингот: Еве зошто!

Јаглехидрати пред, а протеини по тренингот: Еве зошто!
370 Читања

Без разлика дали сте активен вежбач или сте рекреативец, мора да знаете дека шеќерите се основното движечко гориво на вашите мускули. Консумирањето јаглехидрати и течности пред и за време на тренингот го одредува и неговиот интензитет. Оние што тренираат повеќе пати неделно, подолго од еден час, нема да ја добијат потребна енергија со консумирање само слатки сокови, туку ќе мора да ја вклучат и исхраната. Може да изедете сендвич, бидејќи тој е извор на примарни јаглехидрати, кои согоруваат за време на физичката активност, а на телото му помагаат да го одржи енергетскиот баланс и да ја изгради мускулната маса.

fitnes 2

ПРОТЕИНИ ПО ВЕЖБАЊЕТО

Протеините ја одредуваат снагата и цврстината на телото, а првенствено имаат улога да ги закрепнат мускулите по тренингот. Затоа би требало да се консумираат веќе еден час по вежбањето. Количеството протеини треба да биде умерено, а лице со просечна тежина би требало да консумира 0,8 г по килограм.

„Новите протеини би требало да ги внесете пред телото да ги исцрпи старите“, советува д-р Мајкл Хјустон од Универзитетот во Тексас. Само 100 г пилешки гради содржат 30 г протеини, а многу малку масти. Пилешките гради можете да ги комбинирате со разни намирници.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk