Долговечноста на жителите на Јапонија долго време ги интегрира научниците шитум светот. Јапонците велат дека тајната е во животните навики. Еве на кои навики тие се придржуваат!
Заборавете го десертот
Јапонците на крајот на оброкот пијат зелен чај, за разлика од жителите на другите земји, кои сакаат да изедат нешто слатко после ручекот. Доколку не можете без слатки, јадете ги во претпладневните часови, со утинското кафе и секако не прететувајте количински. Намаленото внесување на слатки ќе го редуцира и ризикот од висот крвен притисок и срцеви болести.
Не претерувајте со храната
На јапонскиот остров Окинава живеат најмногу стогодишњаци, кои тврдат дека тајната на нивната долговечност е во тоа што не се заситуваат потполно кога јадат. Престанете да јадете пред да почувствувате дека сте сити. Така ќе ја одржите витка линијата и ќе го сочувате здравјето.
Движете се
Јапонците советуваат помалку време да поминувате во седечка положба, а повеќе да пешачите. Експертите велат дека два часа пешачење во денот ви го продолжува животот за седум година.
Не ги избегнувајте “добрите“ бактерии
Бројните студии покажале дека “добрите“ бактерии го зајакнуваат имунитетот. Во Јапонија на менито за храна се наоѓаат ферменмантирани намирници кои го забрзуваат растот на здрави бактерии во цревата.
Одете редовно на лекарски прегледи
На крајот, Јапонците советуваат дека превентивното одење на доктор е многу важно. Поради тоа би требало еднаш годишно да правите комплетни лекарски прегледи.
