Cafe Del Mar

Јапонска диета: Минус 7 килограми за само една недела

Во текот на оваа двонеделна диета се слабее околу 7 кг.

Најтешки се првите 2 – 3 дена, потоа се привикнувате и диетата се држи без некакви поголеми проблеми. Секако, потребна е упорност и издржливост, како и за секоја диета!

Диетата има два циклуси, односно секој ден се повторува после одреден период, во заградата ви е дадено точно кој ден:

1 ден (13 ден)
Појадок: кафе, без млеко или шеќер
Ручек: 2 тврдо варени јајца, салата од варена зелка со растително масло, чаша сок од домати без сол
Вечера: риба печена на скара или варена

2 ден (11 ден)
Појадок: црно кафе, едно парче црн леб
Ручек: риба печена на скара или варена, салата од зеленчук или зелка со растително масло
Вечера: 200 g варено говедско месо, една чаша јогурт

4 ден (9 ден)
Појадок: црно кафе
Ручек: 1 ровко варено јајце, 3 големи варени моркови со растително масло, 15 грама тврдо сирење
Вечера: овошје

5 ден (10 ден)
Појадок: свеж морков со сок од лимон
Ручек: голема варена или печена риба, чаша сок од домати без сол
Вечера: овошје

6 ден (14 ден)
Појадок: црно кафе
Ручек: половина варено пиле, салата од варена зелка или моркови со растително масло
Вечера: 2 варени јајца, салата од зеленчук

7 ден (12 ден)
Појадок: чај без шеќер
Ручек: 200 g варено говедско месо, овошје
Вечера: изберете вечера од кој било ден освен од третиот

Во текот на диетата се препорачува шетање барем 30 минути дневно. Исто така, во текот на денот треба да се испие и по 1 литар слабо газирана вода со сок од еден лимон, најдобро кога ќе почувствувате глад.

Напиши коментар