Потребни намирници:
2 тиквички
1 канче кисело млеко
2 супени лажици урда
3 парчиња лук
Свеж копар
Бибер
Сол
Излупете ги тиквичките, исечете ги на коцки и посолени ставете ги во намачкана тава со масло да се запечат. Печете ги малку, добро е додека добијат златна боја.
Киселото млеко и урдата се мешаат, се додава сол, бибер, исецкан копар и смелениот лук. Тиквичките се сервираат полеани од горе со смесата од кисело млеко.
