Убави и негувани стапала се важен дел од вашиот имиџ, а меки пети – сон на секоја жена. Тврдите, суви и испукани пети создаваат многу непријатност. Но, обичната сода бикарбона која поседува антисептички својства, благотворно делува на кожата на петите.
Таа е евтино, но многу ефикасно средство. Со нејзина помош можете да постигнете ефект на мазни и нежни стапала, без посета на салоните за убавина.
За да ја омекнете грубата кожа на петите ќе ви помогне овој едноставен рецепт.
Како да ги исчистите петите со сода бикарбона
За оваа процедура ќе ви бидат потребни 3 лажици сода бикарбона и 4-5 литри вода.
Растворете ја содата во врела вода и ставете ги во неа стапалата на 15-20 минути.
Потоа, истријте ги стапалата со камен за пети. Намачкајте некоја хранлива крема или вазелин, облечете памучни чорапи и преноќете во нив.
Уште по првата процедура ќе ја забележите разликата во изгледот на вашите стапала.
Третманот правете го секојдневно 5-7 дена. Потоа направете пауза 7 дена, па повторете ја процедурата. Повторно пауза и повторете ја уште еднаш. Вкупно 3 третмани.