After Midnight

Како да ги израчунате плодните денови?

„Зошто луѓето викаат еден на друг кога се лути, нервозни, вознемирени?“. Ова е прашањето што стариот мудрец го поставил на своите ученици. Учениците размислувале извесно време се додека еден од нив не одговорил: „Затоа што ја губиме самоконтролата , затоа викаме еден на друг!“

Старецот одговорил: „Да, но зошто е потребно да викаме на глас, кога другиот е точно до нас? Зошто не е возможно да зборуваме смирено и тивко кога сме вознемирени?“

Учениците дале неколку различни одговори, но ни еден од нив не бил вистинскиот. Кога веќе се откажале од потрагата по вистинскиот одговор, старецот им ја открил тајната: „Кога две души се лути (гневни) една на друга, нивните срца се многу далеку едно од друго. За да го покријат растојанието тие треба гласно да викаат, за да се чујат еден со друг. Колку понервозни се, толку погласно треба да викаат за да го достигнат другиот крај на тоа огромно (душевно, емотивно)  растојание!“

Кога две души се вљубени тие си зборуваат тивко и нежно, зошто нивните срца се премногу блиску. Растојанието помеѓу нив е мало така што тие можат едноставно само да шепотат и стануваат се поблиски во љубовта. Накрај, дури немаат потреба ни да шепотат, доволно е само да гледаат еден во друг без зборови. Толку блиску се две души и две срца кога се вљубени.

Дали сте го почувствувале погледот на вљубениот човек? Дали сте прочитале колку многу еден поглед има да каже?

Напиши коментар