Здраво тело

Како да ги лечите воспалените мускули после вежбање?

Можеби токму овој месец сте решиле да влезете во форма и да се држите до планот за вежбање. Или веќе сте хардкор фан на вежбање и сте го промениле начинот на вежбање.

Болката во мускулите е одличен индикатор за тоа колку напорно сте вежбале, ама сепак е непријатна. Еве како ефикасно да се ослободите од неа.

Кофеин – истражувања покажале дека 2 чаши кафе пред вежбањето ја намалува болката во мускулите за 48%. Кофеинот ги блокира рецепторите на болка во мозокот и со тоа го забавува пренесувањето на нервните импулси што пренесуваат болка.

Суплементи со магнезиум – магнезиумот е многу важен макро минерал, а на телото му се потребни 100 милиграми дневно. Не се произведува природно, но мора да се внесува преку храна или во вид на суплементи. Болката во мускулите често е индикатор на недостаток од магнезиум во организмот.

Ладен туш – сите знаеме дека мразот е супер за повреди, но ладен туш после вежбање е клучен за враќање на хомеостазата на телото. Ладната вода ќе ја намали циркулацијата на крвта и ќе им дозволи на хормонските нивоа и хемиските процеси да забават, истовремено неутрализирајќи го воспалувањето.

Напиши коментар