При класичната депилација на чувствителни места како што е лицето, честа е појавата на акни и црвенило. Што е најлошо од се, по одредено време, влакната повторно растат.
Постои природно решение за трајно отстранување на влакната, кое жените од Блискиот исток го користат со векови. Потребни состојки за подготовка на смесата за трајно отстранување на влакната се:
куркума (една лажичка)
брашно од наут ( две супени лажици)
малку млеко или јогурт
Куркумата длабоко ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другите нечистотии од површината на кожата, ја стимулира работата на лимфните жлезди и циркулацијата и ја зголемува природната ph на кожата.
Добиената смеса се нанесува на посакуваниот предел во насока на растот на влакната и се остава се додека не се исуши. По 20 тина минути смесата се бриши со чиста памучна крпа натопена во млака вода.
Овој третман треба да се повторува 3-4 пати неделно во текот на еден месец. Резултатот е феноменален, влакната се проретчуваат, а со тек на време и трајно изчезнуваат.