Здраво тело

Како да ги препознаете опасните промени на кожата?

Меланом е малиген тумот на кожата кој може да се развие од бенка или пак на кожа на која претходно не постоеле никакви промени. Раните знаци на меланом вклучуваат промена на бојата, формата и големината на постоечките бенки, или како макула или чворче каде било на кожата. Меланомот кога е во ран стадиум може успешно да се лечи, и во тој случај прогнозата е добра. Но кога е во напрeдна фаза меланомот може да метастазира на другите делови од телото, во кој случај преставува сериозна опасност. 

Кои лица имаат зголемен ризик од појава на меланом?

  • лица со светол тен, очи и коса
  • лица со голем број на бенки на телото (повеќе од 50)
  • лица кои имаат „сомнителни“ т.е. диспластични бенки (со неправилен облик, разнолико обоени, поголеми од 6mm)
  • лица кои во детството или младоста повеќе пати се здобиле со сериозни изгореници од сонце
  • лица кои се претерано се изложуваат незаштитени на сонце
  • лица кои во семејството имаат историја на заболени од меланом или друг тип на карцинот на кожа

Какви се обичните бенки?

Нормалните бенки се мали, обично смеѓо обоени дамки на кожата кои можат да се видат кај поголем дел од луѓето. Само мал број од бенките на кожата се присутни од раѓањето, додека поголемиот дел се јавуваат во текот на животот. Бенките се сметаат за безопасна и нормална појава, но секоја промена во или околу бенката треба да се сфати сериозно бидејќи тоа може да биде прв знак на меламон.

Како да ги препознаете „сомнителните“бенки?

За полесно да ги следите промените на бенките следете ги АБЦД (ABCD) правилата, кои се многу корисни за откривање на „сомнителните“ бенки. Тие се однесуваат на следење на одредени карактеристики кај бенките и слично обоените промени на кожата. Овие правила се лесен водич за самодијагностицирање, при што ако забележите која било од наведените промени веднаш обратете се кај дерматолот.

А е за Асиметрија (Asymmetry)

Асиметрична бенка може да биде знак за развој на карцинот на кожата, особено меланом.

Иако не се сите типови на карцином на кожата асиметрични, сепак на овој симптом треба да му обрнете внимание. Најдобриот начин за да одредите асиметричноста? Повлечете линија надолу по центарот на бенката и проверете дали двете страни се идентични една на друга. Ако страните се неднакви, тогаш бенката е асиметрична.

Б е за Гранична неправилност (Border)

Неправилните краеви на бенката можат да бидат знак дека таа расте, се менува или се шири. Затоа внимавајте на избледените неправилни краеви.

Ц е за боја на бенката (Colour)

Иако често присутна заблуда е дека ракот на кожа се манифестира со темни бенки, важно е да знаете дека тој може да се јави во повеќе бои, кои вклучуваат црна, сина, бела, црвена или сива.

Д е за Дијаметар (Diameter)

Ова значи дека треба да внимавате на бенките кои со тек на време ви се чинат поголеми. Како возрасни луѓе, ако нашата висина и развој на телото остануваат непроменети бенките исто така не треба да растат и да се менуваат. Внимавајте на секоја промена во растот на бенките.

Сепак, овие знаци не се однесуваат на најтешкиот облик на меланом – нодуларниот. За нодуларниот меланом постојат посебни класификации на симптомите:

  • се изгида над нивото на кожата
  • тврд е на допир
  • брзо растечки

Метастатискиот меланом, освен наведените симптоми, може да предизвика и низа на т.н. паранеопластични симптоми кои вклучуваат губење на апетитот, мачнина и повраќање.

Начини за спречување на појава на ракот на кожа 

Лицата кои имаат нетипични т.н. диспластични бенки треба континуирано да се штитат од сонце и за избегнуваат вештачки извори на ултравиолетово светло. Зимскиот период е деликатен ако сте на снег на ведар сончев ден. Во овие околности сонцето е многу опасно. Во текот на летото познато е дека во периодот помеѓу 10 и 16 часот УВ индексот е најголем, па затоа препорачливо е да не се излегува на сонце. Во останатиот дел од денот нужна е фотозаштитата. Лицата кои имаат бенка слична на опишаните неопходно е да употребуваат производи за заштита од сонце со висок УВ фактор (поголем од 50) и да носат облека која им го заштитува целото тело. Постоечките бенки не треба да се штитат поединечно, туку потребно е да се заштити целото тело за да не дојде до појава на нови бенки.

Користењето на заштитен фактор не ги исклучува основните мерки на внимание кои треба да се превземаат при излегување на сонце:

  • Прекумерното излегување на сонце е опасно. Избегнувајте изложување на сонце во време во кое сонцето е најопасно.
  • Бебињата и малите деца не треба директно да се изложуваат на сонце.
  • Заштитете се себе, бебињата и малите деца со шешир, очила за сонце и бела маица со долги ракави.
  • Одберете заштитен фактор соодветен за вашиот тип и фототип на кожа. Нанесувајте го богато пред излегување на сонце и повторувајте го нанесувањето, особено по капење, топење или бришење со пешкир.

Ако забележите промени не двоумете се, веднаш обратете се кај дерматолог!

Дијагнозата на меланом може да се смета за доверлива дури откако сомнителната промена на кожата оперативно во целост се отстрани и прегледна патолошки. Понатамошната постапка зависи од тоа колку е напреден меланомот, а прогнозата е подобра доколку болеста се дијагностицира порано.

Напиши коментар