Sweet Home

Како да ги распоредите сликите на ѕидот

Поседната фаза во уредувањето на домот е декорацијата а нејзинот најзначаен дел е поставување слики на ѕидовите. Било да се работи за фотографии или слики, постојат одредени правила. Еве како да си помогнете:

  • Композиција
  • Ритам
  • Рамнотежа

Ако занемарите било кој од нив резултатот може да биде прилично лоша и хаотична поставка, непријатна за око, а уметничкото дело нема да биде впечатливо.

Пред да ги закачите сликите разгледајте го добро просторот, неговата намена, светлина,димензии и пропорции.

Секако дека една мала слика нема да поставите на ѕид, особено не на средина, затоа што тоа е сигурен начин да биде „изедена“ од просторот и да стане потполно невидлива. Исто така преголема слика на ѕид со скромни димензии ќе делува нескладно и како да и е тесно.

Доколку поставувате само една слика, потрудете се да не нејзиниот центар биде прецизиран на околу 1,5 метри од подот, а доколку сакате да поставите повеќе слики една под друга посматрајте ги како целина. Центарот н композицијата исто така треба да се најде на споменатата висина.

Доколку сакате еден цел ѕид да го претворите во галерија со повеќе уметнички дела или фотографии, одредете една од нив за централен мотив, а останатите поставете ги околу нејзе рамномерно од секоја страна. Секако композицијата не мора да биде симетрична, ама треба да водите смета за раздалеченоста на големите слики кои не треба да бидат поблиску од 5цм.

Секогаш можете да ги поставите во една линија.

Водете смета и од техниката на уметничките дела. Пожелно е да се групирани според истата техника на изработка, во спротивно разделете ги на различни ѕидови. Акварелите, цртежите, графиките или делата од ист уметник поставете ги заедно, ама водете сметка за колоритот кој преовладува, така што тие може да формираат композиција.

Самостојно на ѕидот можете да поставите уље на платно во поголеми димензии и интензивен колорит, додека од малите слики задолжително треба да формирате композиција.

Нормално дека сликите нема да ги купувате во склад со намештајот кој го имате, но треба се има целина. Доколку поставите слики над креветот, ставете ги 15-20цм над завршетокот на креветот.

Но, внимавајте и да не ги ставите превисоко.

За да избегнете рефлексија од стаклата на сликата, закачета ја сликата не тотално прилепена до ѕидот туку под мал агол оттргната, така што горната ивица ќе биде на мало растојание од ѕидот.

Напиши коментар