Art & Crafts

Како да го исчистите кромидот без да пролеете многу солзи

Кромидот е многу здрав зеленчук и затоа не треба да го избегнуваме само затоа што додека го чистиме и сецкаме може да пролееме сериозна количина на солзи.

Во продолжение дознајте како да го исчистите и исецкате без да ви создава сериозни проблеми.

Она што е неопходно освен кромид се:

  • Сад со врела вода
  • Сад со ладна вода

Кромидот ставете го во садот со врела вода на 30 секунди и веднаш потоа со помош на лажица пренесете го во садот со ладна вода за да не се свари.

Потоа ќе видите колку се ќе биде едноставно.

Секако постојат разно разни трикови кои помагаат полесно да го исчистиме кромидот, но секако не е на одмет да го испробате и овој.

Напиши коментар