Motherhood

Како да го научите детето да не ве прекинува во разговорот во само еден чекор

Треба да вложите голем труд, бидејќи само со вежбање и повторување, со одредени мали трикови, може да се израсне трпеливо дете. Секој родител се соочува со повишен тон на детето кое го бара неговото внимание.

Децата се нетрпеливи. Тоа што ќе им падне на ум, сакаат да го направат сега и веднаш. Треба да вложите голем труд, бидејќи само со вежбање и повторување, со одредени мали трикови, може да се израсне трпеливо дете. Секој родител се соочува со повишен тон на детето кое го бара неговото внимание додека разговара со некој друг. Кога не помага гласниот тон, или пак викањето, детето ќе примени тактика со потегнување на пантолоните или фустанот на родителите и ќе продолжи со повикувањето, само за да го добие вниманието од родителите.

Како да го одвикнете од такво непристојно однесување и да го воспитате трпеливо да почека додека родителот не го заврши разговорот?

Едноставно, со помош на мал тренинг. Објаснете му на детето дека наместо да ги довикува мама и тато со повишен тон, викање или тегнење, како би го прекинало вашиот разговор, нека ја стави раката на вашиот зглоб, малку да почека и вие набрзо дека ќе му посветите внимание, бидејќи ќе настојувате да го завршите разговорот што е можно поскоро. А потоа ќе му посветите внимание нему. Нормално, потребно е повторување.

На детето оваа нова техника ќе му изгледа како игра. Многу брзо ќе почне да ја применува. Кога ќе му затребате додека сте зафатени со некого, ќе ви пријде, ќе ве фати за зглобот и ќе причека неколку секунди додека вие или вашиот соговорник не ја завршите реченицата. Тогаш на детето посветете му внимание. Пробајте! Оваа метода навистина дава резултати!

Напиши коментар