Motherhood

Како да го научите детето да спие

Како да го научите детето да заспие и да продолжи да спие цела ноќ е прашањето кое го мачи скоро секој родител кој има мало дете. Проблемот е во грешките кои ги правиме кога детето треба да оди на спиење. За среќа, постојат начини кои можат да ви помогнат побрзо и поуспешно да ги зголемите шансите за сонот на вашето дете, но и за вашиот сон.

Грешка број 1

Ќе го држиме будно до доцна навечер па ќе спие без проблем

Ако работите до доцна,а вечерта е единственото време кое го имате со детето, би можело да ви биде напорно да го држите детето будно за да поминете што повеќе време со него. Можеби дури и се надевате дека на крајот ќе биде толку поспано што ќе успее да заспие без проблем.
Која причина и да ја имате, не е паметно да го држите детето будно. Кога детето е преморено, тогаш му е тешко да заспие. Во тој случај децата се склони кон тоа често да се будат.
Обидете се да имате рутина и време кога ќе оди детето на спиење и држете се до тоа. Немојте да чекате за таа рутина кога детето веќе ќе почне да ги трие очите. Само 15 до 20  минути повеќе, може многу да помогне за да има мирен сон.

Грешка број 2

Ќе заспие во нишалката

Дали некогаш ве преплавило чувство на олеснување кога сте виделе дека вашето дете задремало во своето седиште во автомобилот или во нишалката? Ви честитаме, заработен ви е одморот. Но, немојте да ви падне на памет идејата да го возите детето со автомобилот за да заспие или да мора секој пат да биде во нишалката за да може да заспие. Не е баш практично така да го заспивате детето секоја вечер, а и на тој начин детето не може длабоко да заспие што му е потребно за добро да се одмори.
Во ред е да ја искористите нишалката кога детето е возбудено и плачливо. Но, немојте тоа да го претворите во рутина.

Грешка број 3

Висечките играчки ќе го заспијат

Веројатно сте многу весели што сте му ставиле на вашето дете висечки играчки.  Но, играчките кои се мрдаат, испуштаат звуци, светлина и слично, можат да го одвратат детето од спиење. Тоа останува будно бидејќи набљудува што се случува и не учи дека е време за спиење.
Најдобро е детето да го ставите да спие во замрачена просторија. Не грижете се дека ќе се исплаши од мракот. За тоа детето е сé уште премногу малечко. Можат да ви помогнат звучните играчки чии песни постепено стануваат побавни и потивки па детето ќе може да се прилагоди.
Кај постарите деца мала светилка ќе помогне за тоа да не се плашат од мракот. Немојте непосредно пред спиење да му дозволите на детето да гледа телевизија. Дури и ако успее да заспие поради неговото омилено ЦД, тоа ќе изгуби половина час од важниот сон. Тоа би можело да се одрази на неговото расположение следниот ден, а тоа веројатно не сакате да се случи.

Грешка број 4

Рутината не е толку важна

Можеби мислите дека рутината како што е капењето, миењето на забите или читањето бајки не мораат секогаш да бидат дел од одењето на спиење? Можеби вашето дете веќе е пораснато па мислите дека е премногу големо за рутина? А можеби сте и уморни за сето тоа да го правите секоја вечер?
Рутината која вклучува смирувачки и пријатни активности пред спиење е важна бидејќи така детето се подготвува за спиење. Дури и возрасните имаат потреба од одредена рутина пред спиење. Затоа, не треба да се очекува дека детето може само да премине од будно во заспано без тој ритуал.
Не е доцна да воведете рутина пред спиење. Само погрижете се тие активности да ги правите секоја вечер во исто време пред спиење.

Грешка број 5

Уште денес ќе го оставам во нашиот кревет, но утре…

Во вечерите кога детето ќе лежи со вас, можеби ќе ви биде тешко да го ставите да спие во неговото креветче или ќе го ставите во него а тоа сред ноќ повторно ќе ви се појави во вашиот кревет. За многу брзо време вашиот брачен кревет станува кревет за целото семејство.
Детето не е во состојба да разбере зошто понекогаш го носите во неговото креветче, а зошто друг пат сепак му дозволувате да остане во вашиот. Може да ве изненади со нападите на бес се додека не му дозволите да спие со вас во „семејниот кревет“.
Ако сега се наоѓате во таква ситуација, земете го детето во раце и однесете го нежно во неговото креветче. Седете до креветчето се додека не заспие. За неколку вечери можете да стоите покрај вратата, па потоа да излезете. Објаснете му дека мора да спие во својот кревет. Бидете упорни и позитивни се додека не ја остварите целта.

Грешка број 6

Веќе е време за голем кревет

Ако премногу рано го преместите детето од неговото детско креветче во обичен кревет, би можело да почне почесто да станува и да лута по куќата во раните утрински часови. Пред да наполни 3 години нема да има разбирање за тој потег ниту ќе има самоконтрола за да ги разбере границите на својот нов кревет.
Најдобро е прво да испробате голем кревет. Ако не профункционира за една недела, вратете го детето во детскиот кревет. За неколку месеци обидете се повторно. Секогаш имајте на ум дека ниедно дете не спие во детско креветче кога веќе оди на училиште па нема ни вашето. Затоа, опуштете се.

Write A Comment