← НАЗАД НА БОЗА

Како да го научите детето самостојно да си игра?

Како да го научите детето самостојно да си игра?
544 Читања

Дете кое наполнило 18 месеци полека треба да научи одредено време да може да се игра само без ваша помош. Но, ако не е така и вие сте во улога на главен забавувач, без кој не може ни секунда, тогаш е време за менување на тактиката. Еве неколку корисни совети…

Далеку од тоа дека треба да се бега од играње со децата, бидејќи тие низ играта учат нови работи и вештини, но секако треба да има периоди кога детето треба да си игра само, за вие да можете да направите некои други работи или да се одморите. Секако, напоменуваме дека детето цело време мора да биде под контрола, или вие морате да бидете во иста просторија.

Еве, неколку интересни совети како да го постигнете тоа…

1. Започнете ја играта пред да се зафатите со вашата работа – Важно е вие да ја започнете играта и во неа да учествувате барем 15-20мин. за детето да стекне доволно самодоверба и да се задлабочи во играта и да може да продолжи без вас. Кога по некое време сакате да се оддалечите од играта, немојте да бидете премногу забавни, туку играјте се одделно до детето. Децата до третата година и онака се играат независно и само копираат и имитираат работи кои вие ги правите.

2. Пофалете ги – Кога детето некое време си игра само, пофалете го. На пример: „ Како убаво се играш со куклите!“ или „ Колку убаво си ја изградил оваа куќа“. На тој начин ќе им дадете поттик да продолжат со играњето. Но, не ги пркинувајте во играта, бидејќи така повторно ќе го свртите вниманието на себе, а тоа не го сакате. Сторете го тоа кога ќе има добра прилика, или кога самостојната игра ќе заврши.

3. Време на прилагодување – Ако до сега детето не било навикнато да игра само, не очекувајте моментално адаптирање. Почнете со оддалечувања од играта на 2-3 минути, а тие оддалечувања со време продолжувајте ги. Тоа време иако само неколку минути, искористете ги за вашите обврски. Секое дете е поинакво, на некое дете му треба повеќе, а на некое помалку време за адаптирање.

4. Омилена игра или играчка за самостојно играње – Земете ја омилената играчка со која сака да се игра и со која може да се игра самостојно, без ваши инструкции и помош.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk