Motherhood

Како да го препознаете стресот кај детето?

Притисокот во училиштето, разните рокови, запознавањето нови луѓе, привикнувањето на нова животна средина или едноставно жонглирањето помеѓу барањата на училиштето, родителите и социјалниот живот, лесно можат да доведат до стрес кај многу деца.
Затоа, многу е важно родителите да разберат и да знаат да ги препознаат симптомите кои можат да предизвикаат стрес кај детето, за да бидат во состојба да им помогнат.
Ви ги донесуваме најчестите причинители за стрес кај учениците:

ПРОБЛЕМИ СО ВАРЕЊЕТО

Желудочните проблеми, мачнината, повраќањето или проливот (дијареа) можат многу лесно да бидат симптоми на стрес кај учениците, посебно ако често се појавуваат, а можат да прераснат и во хронична состојба.

СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ

Зголемениот број на отчукувања, чукањето на срцето и високиот крвен притисок се симптоми кои можат да се појават кога детето е под стрес. Ваквите симптоми, доколку траат подолг временски период, можат да предизвикаат реални срцеви болести. На учениците и студентите кои чувствуваат забрзано чукање на срцето им се препорачуваат вежби со длабоко дишење или други релаксирачки активности за да се намали стресот и да се вратат отчукувањата на срцето во нормална состојба.

БОЛКИ

Главоболките, болката во градниот кош, болката во грбот или општите болки во телото (мускулите) можат да се појава кога детето е под стрес. Овие болки понекогаш можат да создадат заблуда дека се работи за некоја реална физичка болест. Меѓутоа, разните релаксирачки активност можат да пружат олеснување.

СПИЕЊЕ

Промените на навиките на спиење исто така се знак на стрес. Иако некои деца можат да спијат многу повеќе отколку вообичаено, како одбранбен одговор во борбата со стресот, поголем е бројот на оние кои имаат тешкотии со спиењето, и се будат ноќе со треморни мисли за изворот и причината за својот стрес.

ОСЛАБЕН ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Некои деца почесто се разболуваат од своите врсници. Една од можните причини е дека нивниот имунолошки систем едноставно е ослабен, што ги прави чувствителни на вируси и болести.

ПРОМЕНИ ВО ТЕЖИНАТА

Иста така можно е децата едноставно да се свртат кон храната за подобро да се справуваат со својот стрес, додека другите можат да го изгубат апетитот и почнуваат да ги прескокнуваат редовните оброци. Овие нездрави навики можат да доведат до дебелеење или до губиток на тежината.

ФИЗИОЛОШКИ ПРОМЕНИ

Одредени физиолошки реакции се активираат кога нивниот ум ќе почувствува дека телото е во опасност. Кога тоа ќе се случи, хормонот на стресот – кортизол и адреналинот го преплавуваат телото и предизвикуваат неколку физички промени. Забрзаното дишење, бројот на отчукувања на срцето и метаболизмот се забрзуваат за да се овозможи побрз протек на крвта. Сетилата се изоструваат и се засилува потењето за да може телото под стрес побрзо да се излади.

Write A Comment