Доколку ноктите ви растат бавно и тешко ви е да го задржите маникирот, на прво место трeба да обрнете внимание на исхраната. Се препорачува да јадете повеќе овошје, зеленчук и млечни производи, бидејќи за раст на ноктите неопходни се витамините Д, Ц, Е, А, како и калциум, железо и цинк.
Освен со правилна исхрана можете да го забрзате растот на ноктите и со овие 2 едноставни начини.
Со маслиново масло
Во зовриена вода ставете малку масло и морска сол. Почекајте да се олади и ставете ги рацете на неколку минути.
Со желатин
Желатинот го стимулира растот на ноктите и ги зајакнува. За таа цел направете го желатинот во согласност со упатството за употрба од пакувањето. Ставете ги прстите до половина и почекајте 10-15 минути.
И двете постапки се повторуваат еднаш неделно.