Bridal

Како да изберете венчален букет?

Новите трендови во цветната декорација нè враќаат кон природата и кон духовните вредности. 

Во фокус се т.н. диви и култивирани стилови, придружени со детали што можеме да ги пронајдеме во сопствената градина или во шума: гранчиња, плодови, мов, пердуви… Тие изгледаат екстравагантно и гламурозно.

Една идеја е да ѕирнете во плакарите на своите баби, каде што можеби ќе најдете совршен детаљ за својот букет: бисери, брош, парче тантела…

Венчавката е совршен миг за нежност и за романтични чувства, за пастелни нијанси на цвеќето – беж, бледорозова, но и циклама-тонови. Во букетите може да доминираат ружи, често придружени од божур, еустом, алстромерија. Еднобојни форми со неколку различни цветови, бледопортокалови, кајсија и праска-нијанси се исто така во хармонија со актуелните трендови.

Напиши коментар