Убавина

КАКО ДА ИЗГЛЕДААТ ПОДОЛГИ ВАШИТЕ НОЗЕ СО ПОМОШ НА ОВИЕ 4 МОДНИ СОВЕТИ!

Ако не сте задоволни со должината на Вашие нозе и ако им завидувате на оние кои имаат високи и слаби нозе, не очајувајте. Ние имаме неколку совети за тоа како и Вашите нозе да изгледаат високи и витки.

Без оглед на тоа дали имате кратки нозе или пак долги нозе кои сакате да изгледаат уште подолги , искористете ги овие совети.

  1. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЧЕВЛИ СО РЕМЕНИ ОКОЛУ ГЛУЖДОВИТЕ

Иако знаеме колку се удобни и стабилни овие чевли, сепак ги пресекуваат Вашите нозе и тие ќе изгледаат визуелно пократки од колку што навистина се. Носете светли штикли и штикли со платформа кои ќе ја нагласат должината на Вашите нозе. Колку Вашите штикли се поприближни до бојата на Вашата кожа, толку подолги би изгледале Вашите нозе.

2. НОСЕТЕ БЕЛИ ПАНТАЛОНИ И ЧЕВЛИ

Носењето на панталони и штикли во иста боја исто така може да направи вашите нзе визуелно да изгледаат подолги бидејќи границата меѓу панталоните и штиклите би станала скоро невидлива. Правилата на оваа илузија важат и за чорапите, доколку сакате да носите фустан.Ако е возможно одберете идентична боја на чевли и долниот дел на облеката.

3. МИНИ ЗДОЛНИШТА И КРАТКИ ПАНТАЛОНИ СО ВИСОК СТРУК

Кратките мини здолништа и панталони се најдобриот пријател кој би ви помогнал за тоа Вашите нозе да изгледаат подолги. затоа, доколку сакате да го постигнете тоа да Вашите нозе изгледаат подолги , често носете кратки здолништа и панталони . Подобро е да носите здолништа или панталони со висок струк зошто покриваат поголем дел од вашето тело и визуелно Вашите нозе изгледаат подолги, отколку да носите панталони и здолништа со низок струк. Носете здолништа кои се во облик на балон или здолништа во повеќе слоеви, а избегнувајте ги претесните здолништа.

4. ОДБЕРЕТЕ ШПИЦ ЧЕВЛИ

Шпиц чевлите визуелно ги продолжуваат Вашите стапала, а секако и вашите нозе па не е лошо да имате барем еден пар такви чевли. Многу од познатите џвезди одбираат токму вакви чевли и од таа причина , а уште поголем ефект се постигнува доколку чевлите се во боја на Вашата кожа.

Напиши коментар