Ако имате р’ѓа на садовите или некаде на друго место во вашиот дом, постои сосема лесен и супер начин да се справите со неа. Ви требаат само компири и сол.
Ги сечете компирите на два дела. Великодушно го посипувате секој дел со сол. Ги земате посолените парчиња и со нив го триете рѓосаното место. Ќе забележите како малку по малку рѓата се чисти. Потоа добро исплакнете со вода.
Зошто е добар овој метод?
Компирите содржат оксална киселина која се содржи и во повеќето препарати за чистење (само не грижете се, количината на киселина во компирот не е штетна за здравјето). Тоа и помага на рѓата да се раствори, а солта делува како благ аброзив. Патем, солта може да биде заменета и со сода бикарбона.
