Motherhood

Како да ја изградите дисциплината кај детето ?

Секој родител има свој начин на означување на дисциплина и прифатливо однесување на детето. Овие методи и пристапи во голема мера се потпираат на оние кои сме ги научиле од нашите родители на возраст кога нашите личности се формирале. Нормално тие методи до негде се изменети и прилагодени на модел на семејството кои сакаме да го изградиме.

Избегнувајте го физичкото казнување- неодамна студија покажа дека казнувањето на детето со удирање или во било кој друг облик може да има долгорочно негативно дејство на детето. Децата во суштина нема да го променат однесувањето после удирање шамар туку ќе имаат скриен бес. Последиците од гневот и немоќот се исклучително штетни.

Бидете отворени кон вашите деца – ако ги третирате како зрели дури и ако сеуште се на мала возраст, отвореност и искреност ќе им помогнат да научат да ги препознаваат грешките или лошото однесување. Ако сакате да го поправите одреденото однесување, едноставно објаснете му на детето каква грешка има направено – како последица на врска, објаснувајте секој пат кога ќе има такво однесување.

Дадете му простор на детето – дозволете му да размисли што има направено, без разлика дали е правилно или погрешно. Не е препорачливо секогаш да приговарате и да го потсетувате на грешките кои ги има направено бидејќи им е потребно време за самите да се соочат со својата постапка.

Дадете си простор себеси – како што на детето му е потребен простор потребно ви е и на вас некое време да размислите и погледнете од одредена дистанца. Многу е подобро да се повлечете и почекате некое време отколку да кажете работи кои не ги мислите.

Напиши коментар