Освен со користење на актуелните бои за 2013-та, за да го направите летниот маникир атрактивен, можете да користите и некои трикови. Како на пример техниката на влажни нокти.
Таа е единствена! Благодарение на неа ноктите ќе ви изгледаат како да сте излегле од морето пред неколку секунди.
Овој интересен ефект е исклучително атрактивен , а најдобриот дел е тоа што се постигнува многу лесно.
Се што ви е потребно, девојки, се основа за нокти, лак во модрна нијанса како корал, мохито или бледо розова, транспарентен лак и топ лак.
Погледнете ги инструкциите во видеото и подгответе се да добиете одличен маникир со влажен ефект!