Мода

Како да носите летна гардероба и во зима

Иако зимата се всели поодамна во нашиот крај, променливите температури и сончевите зраци нè предизвикуваат да ги извадиме летните алишта и повторно да се почувствуваме разиграно и лесно. Препуштањето на огромните дебели џемпери, плетените шалови и тешките зимски парчиња никогаш не е лесно. Но тоа што надвор е студено, не значи дека алиштата не смеат да бидат летни. Доколку и вие сте „летохоличар“ дефинитивно треба да ги ѕирнете овие совети кои ќе ви помогнат да ги комбинирате омилените летни парчиња и во зима. 

post cover photo

Слоеви

Слоевите се клучни за трансформација на вашата гардероба и можност да направите безброј комбинации. Слоевитото облекување е многу едноставно и не остава многу простор за грешки. Може да облечете што било во повеќе слоеви и пак да изгледате кул.

Облечете лесен и потесен топ (и подолг во однос на парчето што го носите над него) и додадете џемпер и шал. Ако слоевите се полесни и потенки, додадете палто или тексас јакна на целата комбинација. Долните слоеви нека бидат со парчиња кои ви прилегаат поприпиено, а за да ја истакнете вашата силуета ставете ремен.

Текстура

Играјте си со текстурата. Најдобро е да искомбинирате повеќе материјали кога типувате на слоевит аутфит. Избегнувајте да користите различни парчиња од ист материјал. Ваквото комбинирање ќе направи да изгледате тешко и тромаво.

Комбинации кои вреди да се пробаат

  • Сукња преку панталони ќе му даде “еdgy” изглед на вашиот аутфит, а истовремено ќе создаде и интересна силуета.
  • Голем џемпер преку кошула – Земете пример од модните блогерки и направете кул комбинација со добра јака и џемпер со кружен изрез, или пак џемпер со невообичаен изрез на грбот. Дозволени се секакви лудории со комбинирање на различни материјали, плетки и дезени. Принтовите се новото црно!
  • Претворете го летниот фустан во зимска сукња со додавање на слатка интересна блуза како топ.
  • Обидете се со ролка под обичниот фустан без ракави. Верувајте, прилепената црна ролка ќе ви биде најдобар пријател во текот на зимата. Можете да ја комбинирате со џемпер, капут, под фустан или со долга макси сукња за класичен изглед во некоја формална прилика.
  • Сукња со плетено парче – Инспирирајте се од Англија и врнежливото време, што ги прави англичаните експерти во слоевитото облекување. Добрата сукња е основно парче за зимските комбинаци. Заедно со црна ролка и кожена јакна ќе изгледа одлично, но опциите за комбинирање се бескрајни. Голем џемпер, кардиган или кроп топ – искористете се што ќе ви падне на памет.
  • Инвестирајте во навистина добар пар мат хулахопки кои ќе можете да ги носите под кратки панталони.
  • Додадете чизми и јакна на вашата омилена макси сукња.
  • Носете повеќе јакни одеднаш – пробајте тексас јакна заедно со капут.

Write A Comment