Мода

Како да се облечете за на работа кога температурата е +30

Прикладното облекување за на работа во текот на пролетните и летните месеци кога температурата е висока, претставува поголем предизвик.

Сепак, тајната се крие во бирање на едноставни и парчиња изработени од лесни материјали кои ќе ви ја понудат потребната удобност но и ќе кажат нешто за вашиот добар стил.

Затоа денес ви ги претставуваме најдобрите предлози кои можат да ви послужат како инспирацијa:

1. Сандали со отворени прсти со блејзер и фустан

Штом температурата ќе достигне 30 степени, време е салонките да ги замените со сандали. Не плашете се дека ќе изгледате како за на плажа, бидејќи ако со нив искомбинирате едноставен фустан и блејзер со добар крој ќе постигнете фантастичен деловен изглед.

sandali so otvoreni prsti i blejzer 01

2. Краток фустан со чевли со блок потпетица

Ако сакате да облечете краток фустан за на работа, ја имате нашата поддршка. За да го избегнете вечерниот look, ве советуваме да бирате чевли со блок пета како спротивност на стилето штиклите.

kratok fustan so cevli so blok potpetica 02

3. Маица на бретели и панталони со широки ногавици плус ремен

Нема ништо поудобно од пријатна памучна маица на бретели. Сега можете да ја носите и на работа, ако ја вклопите со нешто поелегантни парчиња и аксесоар. Панталоните со широки ногавици и дебел ремен се совршен избор.

maica na breteli so siroki pantoloni plus remen 03

4. Сукња со шлиц и кошула

Ако сте дама која се држи до класиката и која за на работа често бира подолги модели на сукњи, време е да облечете макси фустан со длабок шлиц.

Освен што оваа сезона овој модел е навистина шик, тој е многу пријатен и овозможува слободно да се движите по градските улици. Со макси сукњата облечете класична кошула.

uknja so slic i kosula 04

5. Обична маица со пенсил сукња и балетанки со шпиц

Постои нешто необично привлечно во оваа модна комбинација, а не мислиме на памучната маица или балетанките. Станува збор за пенсил сукња со интересен дезен која има неверојатна моќ да ја разбие монотонијата и да ја даде потребната доза на шик на целата комбинација.

Со други зборови basic + statement е рецепт за оваа комбинација.

obicna maica so penile siknja i baletanki 05

6. Комбинезон

Пријатен, свиленкаст комбинезон е одлична опција за еден топол летен ден. Едноставен и сведен на минимум модел можете да го збогатите со интересен аксесоар. Тоа може да биде ефектна торба или statement сандали или балетанки.

kombinizon 06

Напиши коментар