Motherhood

Како да се потисне агресивноста?

Постојат начини како можеме да потикнуваме активни импусли кај детето и да ги водиме низ чувствата на агресивност. Започнете со разбирање на игрите кои ги игра детето и со давање на сигурен простор во кој може да дивее. А понекогаш би било добро да земете една перница и да се вклучите и вие во борбата.

Дозволете му на детето да ги игра игрите кои му се допаѓаат – во разумни граници. Воените игри и игрите во кои има натпреварување се во ред, се додека детето не се повреди или не повреди некој друг. Поставете правила кои се добри за вашиот дом, на пример, „нема удирање со топка во станот“, но правила кои не ја ограничуваат можноста за играње. Останете близу и набљудувајте ја ситуацијата за да бидете сигурни дека децата се под надзор, но не се мешајте се додека децата не се во опасност да се повредат себеси или да повредат некого.

Дозволете му на детето да игра игри кои му се забранети на училиште. Училиштата мораат да ограничат некои видови на игри поради недостиг на простор или соодветен надзор. Освен тоа, ако родителите не дозволуваат никакви авантуристички, возбудливи или насилни фантазии во домот, детето може да се почувствува неразбрано.

Ограничете ја количината и видот на насилство на кои е изложено детето преку гледање на телевизија, филмови и видео игри.

Набљудувајте го далечинскиот управувач. Нека има телевизор само во дневната соба за да можете да видите што гледа детето. Ако му дозволите на детето да ги менува програмите, може да открие возбудливи, но и опасни содржини. Таквите емисии ги фасцинираат децата, а ретко се случува потоа детето да дојде и да разговара со вас околу тоа што гледало.

Имајте на ум дека детската фантазија не е иста со вистинската агресивност. Ако детето си игра игра која е преполна со насилни слики, немојте да му кажете дека не треба да го игра тоа. Наместо тоа, разговарајте за тоа како другите се чувствуваат поради тие игри и поставете правила за играта да биде сигурна. Наместо едноставно да ја забраните таа игра, обидете се да ја разберете од перспективата на детето и разговарајте за тоа како да ја направите играта безбедна. Немојте да се исплашите ако е играта насилна – се работи за игра или фантазија, а не за реалност.

Пронајдете соодветно место за детските игри. Наместо да му забраните на детето да трча низ ресторанот, предложете му да ја зачува играта за подоцна. Така децата учат дека играта е добра, но дека однесувањето не е прикладно за одредено место и време.

Обидете се да не ги критикувате интересите на детето. Тенка е линијата помеѓу омраза насочена кон работите кои му припаѓаат на детето а кои тоа ги сака и омраза насочена кон детето. Ако секој ден му велите на детето „не можам да верувам дека ти се допаѓа“, му велите дека има нешто погрешно во она што него го интересира.

Задржете отворена комуникација и разговарајте. Замолете го вашето дете да ви раскажува за својот свет, за работите што ги сака и за она што го вознемирува. Слушајте како се чувствува без предрасуди за тоа да не почувствува потреба од вас да ги скрие своите чувства. Обидете се да разговарате во текот на некоја игра. Бидете трпеливи ако детето се налути.  Ако се налути, немојте веднаш да го казнувате туку помогнете му да ги изрази своите чувства. Имајте на ум дека децата во моменти на лутина не можат совршено точно да ги изразат своите чувства.

Ако ја поттиснете природната агресивност на детето, тоа може да стане уште поагресивно. Казнувањето на детето со казни како седење на столче или ограничување на неговото движење само во неговата соба, може да го поттикнат детето на дополнителна агресивност. Особено е лошо казната со која се одзема одморот. Учителите ја користат оваа казна бидејќи децата го сакаат одморот – но децата да сакаа да читаат, дали учителите би го одземале и тоа? Размислете за тоа додека ја одредувате казната.

Write A Comment