Убавина

Како да ви порасне косата побрзо?

Кога бевме мали најголем кошмар за секоја од нас беше шишањето кратко, “машка фризура”. И тогаш пропаѓаа во вода сите наши посакувани фризури за долга коса. Долгата коса ја истакнува женственоста, барем така мислевме.

Еве неколку совети за оние кои сакаат косата да им порасне набрзина.

Користете добар шампон и балсам. Доколку ја миете косата почесто, користете благ шампон, за секојдневна употреба. Во споротивно вашата коса ќе се исуши и ќе се појават испуканите врвови кои се најголем непријател на растот на косата.

Не ја мијте косата со премногу топла вода. Тоа ќе ја одземе нејзината влажност и еластичност, а со тоа ќе имате сува и кршлива коса. Така косата ќе треба да ја шишате постојано.

Не ја чешлајте косата додека е мокра. Тоа ги кине сувите врвови.

Нанесувајте маска за коса која ќе ја навлажнува косата и ќе и дава еластичност.

Јадете протеини.

Внесувајте пивски квасец, витамините од Б комплекост го забрзуваат растот на косата.

Потшишувајте ја косата на три месеци. Отсекувањето на сувите врвови ќе и даде сила на косата да се развива во должина.

Напиши коментар