Art & Crafts

Како детално да ја исчистите вашата машина за перење?

Погледнете малку во вашата машина за перење и ќе видите дека местото од каде што ја вадите чистата облека е навистина валкано! Еве како темелно да ја исчистите машината за перење со цел чистите алишта да ги извадите од чиста машина.

Машината за перење најлесно ќе ја исчистите, така што во неа ќе ставите две чаши оцет или сок од лимон. Тогаш, така празната машина без веш пуштете ја на програм на 90 степени. На овој начин ќе се ослободите од нечистотијата која со текот на времето се создава во машината. Ова помага да се отстрани и непријатниот мирис кој исто така може да се создаде во неа.

Кога ја чистите машината, не заборавајте со крпа или мала четка да ја изрибате ивицата од вратата, без разлика дали имате машина со предна или горна врата. Тука секогаш се собира влага што доведува до формирање на мувла. Употребете некое добро средство за дезинфикација во таа област.

Доколку во машината останале флeки од боја од некој веш, ставете една чаша избелувач и пуштете ја празна на 90 степени. Избелувачот ќе ги убие бактериите и мувлата, но никогаш немојте да го користите со некои други средства за чистење, бидејќи може да се создадат токсични соединенија.

Не заборавајте да го измиете и садот во кој се става детергент и омекнувач, бидејќи тоа е место каде што се собира влага, а со самото тоа и мувла.

Откако ќе ја исчистите машината, пуштете ја уште еднаш празна на некој ладен програм.

Како да ја одржувате машината за перење што помалку да се валка? Тоа е лесно со помош на овие совети!

Откако ќе ги извадите алиштата од машината, оставете ја вратата од неа отворена со цел да се исуши од внатрешната страна.

Избегнувајте да користите омекнувач, бидејќи тој е најтежок за чистење.

Напиши коментар