Прочитајте ја прекрасната приказна за тоа како изминуваат првите час и десет минути по доаѓањето на свет. 

Шведските научници внимателно набљудувале 28 бебиња со цел да воочат низ какви се промени минуваат новороденчињата на самиот почеток на нивниот живот. Ова истражување чии резултати се објавени во 2011 година во списанието “Acta Pediatrica” покажало дека новороденчињата се однесуваат инстиктивно кога ги прават првите слободни движења со своето тело и при првиот контакт со својата мајка.

Раѓање: Бебето плаче гласно, будејќи ги на тој начин своите бели дробови.

2 минути: Бебето се смирува, одмара, ако е возможно на градите на својата мајка.

2,5 минути: Бебето ги отвара очите за прв пат и постепено почнува да ја движи главата и усните.

8 минути: Малечкото станува активно и долго ги држи очите отворени. Ги наблудува мајчините очи и гради, покажува дека е гладно плачејќи и усмерувајќи ги дланките кон усните.

18 минути: Бебето повторно се одмара после сите овие движења.

36 минути: Бебето почнува да го употребува сетилото за мирис, сеуште го интересираат мајчините гради.

62 минути: Време е за првото доење! Малечкото пие колострум – првото мајчино млеко, кое содржи голем број на хранливи материи кои го зајакнуваат имунитетот. Ова рано цицање го стимулира производството на млеко и помага матката што побргу да се врати во претходната состојба.

70 минути: Бебе тоне во сон и го добива заслужениот одмор.

Ова истражување е извршено на мал примерок на деца, и тоа во Шведска каде бебињата по раѓањето имаат прилика да се одморат на мајчините гради и да уживаат во првото мајчино млеко, што не е привилегија на сите деца од светот. Сепак резултатите се показател за инстинктивното однесување на малечките.

Авторите на истражувањето нагласуваат дека времето во кое се случуваат овие дејствија варира од бебе до бебе, а наведените минути се истакнати како процечна вредност.

Напиши коментар