Motherhood

Како на дете кое пие малку вода, да му се надокнадат течностите во летните месеци?

Додека некои деца едноставно забораваат да пијат кога ќе се заиграат, други пак одбиваат да пијат вода. Како да се справите со овој проблем дознајте во продолжение.

Малечките често за нас од непознати причини или од најчудни причини одбиваат да јадат и пијат некои работи, додека во други уживаат. Има такви кои никако не сакаат да пијат вода, што во лето кога е жешко, а надвор убаво времето и малечките се активни, може да биде голем проблем. Некои едноставно толку се заигруваат што забораваат да се напијат, додека други пак воопшто не ја сакаат водата. Меѓутоа во текот на целата година, а посебно во лето, треба да се внимава детето да пие доволно течности како не би се довело во опасност од дехидрација.

За малечките кои не сакаат или забораваат да се напијат вода, можете да им понудите неколку алтернативни опции во облик на храна која содржи многу вода. Овде потсетуваме дека поголемиот дел на засладени сокови и чаеви не би смееле да ја заменат водата бидејќи служат како диуретик и дополнително го поттикнуваат излачувањето на водата од организмот.

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот овде дефинитивно се на првото место, бидејќи содржат измеѓу 70 и 95% вода. Највеќе ја има во зелената салата, краставиците, јагодите и лубениците.

Овошен јогурт

Овошниот јогурт содржи околу 80% вода, како и обичниот, но за разлика од него, тој содржи и хранливи состојки од овошјето. Како би биле сигурни дека содржината на јогуртот е квалитетна, можете да го подготвите сами и во јогуртот да ставите од 100 до 200 грама некое овошје, да го измиксирате и да добиете домашен овошен јогурт.

Каши од житарици, тестенини, грав

Иако овие намирници наизглед не изобилуваат со вода, при готвењето впиваат многу течности, повеќе од 50% од својата тежина. Од овие намирници може да се подготват многу вкусни јадења, па во лето на децата подготвувајте им ги нешто почесто.

Внимавајте со солта

Иако ни е потребно да ја надокнадиме солта кога се потиме, важно е да се знае дека зголемениот внес на сол значи и зголемена опасност од дехидрација. Храната која ја подготвувате за децата најдобро е да не ја солите воопшто, бидејќи доволна им е количината на натриум кој го добиваат од намирниците како такви.

Напиши коментар