Art & Crafts

Како најлесно да ги смирите изгорениците од сонце

Иако на секој чекор нè предупредуваат да ставаме крема за заштита од сонце, и понатака се случува понекогаш да изгориме. Меѓутоа, со овие пет совети кои ви ги донесуваме во продолжение на текстот, побрзо ќе ги смирите изгорениците и ќе имате убав тен побрзо од што сте можеле да замислите!

Лосион за тело

На цело тело, а особено на црвените делови, нанесете го својот омилен лосион за нега на тело. Доколку тој во својот состав содржи алое вера – уште подобро! Таа ќе ја смири вашата кожа и ќе го спречи нејзиното лупење.

Пијте течности

Кога ќе изгорите, вашата кожа е сува и дехидрирана и поради тоа морате да ги дополните нејзините резервоари! За да направите хидрација на целиот организам, пијте многу течност, а најдобро е тоа да биде обична негазирана вода.

Избањајте се

Доколку ва вашата купка уфрлите некои нови состојки, вашата кожа ќе ви биде особено благодарна! Додадете оцет од јаболко за да pH вредноста на вашата кожа ја вратите во нормала, сода бикарбона за сузбивање на иритацијата и црвенилото и есенцијалните масла да ја намалат болката.

Кесички од чај

Кесичките од штотуку сварениот чај ставете го на изгорениците или, уште подобро, на сува крпа која претходно ќе ја ставите на нив. Црниот чај ја извлекува топлината од изгорениците и ја враќа pH вредноста на кожата во рамнотежа. Исто така, чајот од нане дополнително ќе ве разлади.

Краставици

Знаете веќе дека се добри за подочници, но можеби не сте знаеле дека го намалува црвенилото од изгорениците. Во блендер измиксирајте неколку краставици и направете паста. Пастата нанесете ја на кожата.

Напиши коментар