Лаковите за нокти стануваат се помодерни и покористени кај помладата популација, но нивноно отстранување знае да биде вистинска мака.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите памук, ацетон но и време.
Се што ви треба е фолија, ножици, памук, ацетон и чепкалка за заби.
Најпрово исечете ја фолијата на коцки кои ќе бидат доволно големи да ви ги покријат прстите. Натопете ги памукчињата со ацетон и стаевете по едно памукче на секој нокт.

Завиткајте го секој прст со фолијата, а откако ќе го завиткате последниот прст започнете со одвикување на првиот. Притиснете надоле и отстранете го лакот.

За да го отстраните лакот од страните на ноктот натопете ја чепкалката за заби со ацетон и исчистете ги остатоците.
