Art & Crafts

Како најлесно да се ослободите од жолтото под ноктите

Пожолтување на ноктите најчесто предизвикуваат лаковите. Темните нијанси на лак посебно се проблематични, после чија употреба се појавуваат жолти дамки на ноктите. Еден од најлесните начини да го спречите тоа е пред лакирањето со лак во боја, да ставите безбоен лак. Втор најголем причинител на пожолтување на ноктите се катранот и никотинот од цигарите. Сепак постојат некои рботи кои ќе ви помогнат да ја вратите природната боја. Еве и кои:

Потопете ги ноктите во свежо исцеден сок од лимон, и тоа ќе ви помогне за жолтите дамки. Потопувајте ги ноктите секојдневно 10 до 15 минути и многу брзо ќе видите резултати.

Во помал сад измешајте една лажичка хидроген пероксид со две до две ипол лажици сода бикарбона. Добиената паста нанесете ја на ноктите користејќи памукче. По 3 минути измијте ги со ладна вода. Третманот повторувајте го на секои 6 до 7 недели.

За да се ослободите од дамките на ноктите, кои можат да се создадат по симнувањето на црвеникави лакови, користете паста за избелување на заби. Пастата нанесете ја нежно на ноктите и тријте со четка за заби. Сепак, имајте на ум дека ова треба да го правите веднаш по бришењето на лакот од ноктите.

Write A Comment