Art & Crafts

Како полесно да заспиете и полесно да се разбудите

Спиењето седум до осум часа е подеднакво важно за добар сон како и квалитетот на спиењето, па затоа најдобро е спалната соба да ја направите место исклучиво за одмор.

Спалната соба освен бело, можете да ја обоите и во нијанси на светло сина боја, виолетова или пак зелена. Доколку е можно, телевизорот преместете го во друга соба, бидејќи тој дополнително го оптварува мозокот и го нарушува квалитетот на спиењето.

Доколку сакате да слушате радио, вклучете го на омилената станица, а ако имате паметен телефон од интернет симнете си апликации кои ќе ве потонат во сон со пријатна амбиентална музика. Внимавајте и на осветлувањето, а малите ламби со топол отсјај ќе ја претворат собата во оаза за опуштење.

Пред да скокнете во кревет, ставете едно или две перничиња под нозете и лежете така некоја минута. Така ќе ја засилите циркулацијата, но и ќе ги опуштите мускулите на долниот дел од грбот и полесно ќе заспиете. Доколку се будите со грчеви или пак со вкочанет врат, веројатно лежите на претврд или премек душек или пак перница. Исто така, утринското истегнување е многу корисно, бидејќи не само што ќе Ве размрда побрзо, туку ќе го забрза будењето и ќе ја поттике циркулацијата.

Write A Comment