Ставањето тампон за првпат, не е толку страшна и тешка ситуација како што звучи. Тампоните се безбеди, лесни за употреба, хигиенски и здрави, и ако правилно ги користите, нема да почувствувате никаква неудобност или болка. Следниве инструкции ќе ви помогнат при неговата правилна апликација.
Инструкции
- Најдобро време за ставање тампон е кога вашата менструација е во ек, т.е. кога најмногу крварите.
- Измијте си ги рацете и отпакувајте го тампонот. Делот што е заоблен треба да биде свртен кон влезот на вагината, а делот со јаженцето надолу.
- Опуштете се. Ако мускулите ви се напнати, вметнувањето на тампонот ќе биде потешко.
- Изберете ја правилната позиција. Седнете на опашката и раширете ги нозете.
- Фатете го тампонот со палецот и показалецот. Наместете го заоблениот дел на врвот од отворот на вагината и полека почнете да туркате со показалецот.
- Користете ја другата рака за да ги раширите вагиналните усни.
- Туркајте го тампонот додека не излезе од вагиналниот канал. Ќе почувствувате кога ќе влезе во широкиот дел од вагината. Јаженцето оставете го да виси надвор од вагината.
- За да го извадите тампонот, само потегнете го јажето.
- Ако чувствувате болка или какво било друго непријатно чувство после вадењето на тампонот, значи дека не сте го ставиле правилно. Пробајте повторно со нов и чист тампон, а доколку повторно чувствувате болка, обидете се со тампон со помала големина.
Совети
- Менувајте го тампонот на секој 4-6 часа. Кога спиете навечер, ставете влошка.
- Секогаш мијте ги рацете пред и по ставањето на тампонот.
- Не користете ги тампоните за апсорбирање на вагиналниот секрет! Тие се направени само за апсорбција на менструацијата.
- Не заборавајте да го отстраните стариот тампон пред да го ставите новиот.
- Одберете големина на тампон според интензитетот на крварењето.
- Помалку од 2% од жените во светот имаат многу мал вагинален отвор и поради ова не можат да ставаат тампони. Ако и вие сте едни од нив, консултирајте се со доктор.
Запомнете
- Невозможно да се изгуби невиноста со тампон.
- Тампонот не може да се изгуби во матката или телото, бидејќи грлото на матката го спречува неговото движење.
- Откако за првпат ќе добиете менструација, вие сте спремни да ставате тампон.