Денес ви нудиме неколку интересни начини како се можете да го искористите омекнувачот за алишта…
Освежете го просторот…
Ако не сакате да трошите пари за купување на освежувач на воздухот, можете да го направите сами токму од оменкнувачот. Шишенце со распрснувач наполнете го со вода и додадете го омекнувачот во сразмер 1:3.
Потоа со таа мешавина испрскајте ги завесите, тепихот, софата и сите други места кои се обложени со ткаенина.
Отстранете го статичкиот електрицитет...
За да го спречите насобирањето на правта на телевизорот или било која друга пластична површина во станот, ставете неколку капки од омекнувачот на крпа и со неа избришете го саканиот предмет или површина.
Дајте им сјај на мазните површини…
Ако сакате да имате средство за чистење кое на мазните површини им дава сјај, помешајте една чаша омекнувач со четири чаши чиста вода и додадете ги во шише со распрснувач. Испрскајте ја со течноста крпата за бришење и поминете ги со неа стаклените површини во домот, а потоа поминете со сува крпа.
Лесно извадете ги старите тапети…
Со помош на омекнувачот можете да ги симнете старите тапети од ѕидот. Направете мешавина од едно полно капaче омекнувач и 4 чаши вода.
Со сунѓерче нанесете го овој раствор на тапетот и оставете да отстои 20-30 минути. Потоа без проблем ќе го отстраните тапетот од ѕидот.