Убавина

Како се нанесуваат маскари во боја

Маскарите во боја можете да ги одбирате според бојата на очите, косата или тенот, во зависност од тоа што сакате да нагласете.

РЕТРО стилот беше инспирација за визажистите ова пролет, и како резултат на тоа се маскарите во боја, кои биле многу популарни во деведесеттите години од минатиот век. Бидејќи  ова сезона се предлагаат комбинирања од различни стилови на шминкање и бои, ова маскара може да биде одличен избор за дневни и вечерни прилики.

Ако ја нанесете во склад  со останатите бои на вашето лице, вашиот изглед сигурно нема да биде премногу впечатлив. Маскарите во боја можете да ги одбирате според бојата на вашите очи, косата или тенот, во зависност од тоа што сакате повеќе да  нагласете.

На сините очи, на пример, најдобро би им прилегала светлосината или виолетовата маскара, на зелените, азурна или темносина, а на кафените очи, зелената или златна маскара. Сепак за да изгледаат  убаво на лицето, не е доволно само да се во согласност со бојата на очите, туку и добро да се ускладат и со сенката и со  руменилото.

-Основно правило е никогаш да не користете сенка која е во иста боја како и маскарата.

-Со сината маскара можете да комбинирате светло или бисерно розово  руменило во многу тенок слој. Беж, светло кафено или сенка во земјена боја исто така е добар избор, како и кармин со црвеникав тон.

-Зелената маскара најдобро стои во комбинација со сенка во корални тонови, руменило и кармин со боја на кајсија.

-Виолетовата маскара се користи со светлосива или беж сенка, розово руменило и сјај  или кармин со кадифено розова нијанса.

-Златната маскара можете да ја комбинирате со кафено, беж, бела, црна или виолетова сенка. Со неа совршено оди црн алајнер или креон. Јаболчниците истакнете ги со бронзер, а на усните ставете корално црвен сјај.

Write A Comment