Art & Crafts

Како совршено да спакувате подарокот за само 12 секудни

Ако секогаш многу време ви е потребно да се одлучите што да купите за подарок и немате време да го спакувате истиот, ние со ќеиф ви претставуваме супер брзо, лесно и профи пакување.

Родендени, слатки изненадувања, особено новогодишните празници се моментите кога сакаме нашите сакани да ги израдуваме со подароци кои ги избираме со љубов. Па затоа таков подарок си заслужува и супер кул пакување.

Сигурно и вие сте се израдувале на супер спакуван подарок и сте се прашувале што се наоѓа под таа одлична обвивка, затоа направете и некој друг да го почувствува истото. Единственото нешто што ќе биде потребно е да ја изберете најубавата хартија за виткање и панделки по ваш избор.

Следете ги инструкциите во следното видео и ќе научите како се пакува поклон за 12 секунди.

 

Напиши коментар