Овие намирници не смеат да бидат дел од вашата исхрана во текот на оваа диета, бидејќи не помагаат при топење на маснотиите, туку го потенцираат нивното насобирање и задржување во телото.

Избегнувајте сол

Поради конзумацијата на големи количини солена храна, во телото се задржува вишок вода. Затоа избегнувајте сол и храна со многу натриум.

 

Не јадете јаглехидрати

Заборавете на тестенини и леб бидејќи тие не се намирниците кои би требало да ги јадете ако сакате да изгубите вишок масни наслаги. Јадете храна богата со протеини.

 

Намалете го внесот на млеко

Обожавате млеко и дневно пиете повеќе од половина литар? Тоа би можела да биде една од причините зошто постојано чувствувате надуеност и имате гасови. Намалете го внесот на млекото и наместо млеко, пијте јогурт или јадете сирење.

 

Заборавете на лути зачини

Многу зачинета храна предизвикува засилено излачување киселини во желудникот и предизвикува иритација, што никако нема да ви помогне при губењето масни наслаги. Бирајте свежи зачини кои имаат поблаг вкус.

Напиши коментар