Motherhood

Каков е карактерот на вашето бебе?

Едно од најголемите задоволства додека вашето дете рате е да го гледате како ја развива неговата личност. Многу често на овој начин можете да откриете некои знакови кои ви покажуваат дека детето може да се развие во овој или оној тип на личност. Децата се најчесто мешавина од шест основни типови.

Шармер

sarmer

Сите го знаеме шармерот – тоа е бебето кое непрестано се смее и го забавува смеењето на другите како и нивната позитивна енергија. Обожува публика.

Срамежливко

stidljivko

Повеќето деца имаат напад на срамежливост, но типот на дете за кое овде се зборува е она кое ќе избере неколку луѓе во чие друштво се чувствува најпријатно (обично тоа се родителите и браќата или сестрите) и сака да му бидат во близина за да се чувствува сигурно.

Чувствително дете

osetljiva beba

Кога детето е чувствително тоа е склоно да биде под влијание на расположението на луѓето околу него, се плаши, не сака изненадувања или чести промени. Чувствителните деца сакаат стабилност.

Набљудувач

beba gleda

Тоа е дете кое го набљудува светот со голема доза на радозналост. Таквите деца обично не бараат некој посебно да ги забавува – ним набљудувањето на другите им е доволно забавно.

Флегма

beba flegma

Ваквиот тип на дете е опуштено и добро се чувствува во скоро сите околности, положби или ситуации. Доколку некогаш сте помислиле, “Ох, колку добро дете имам!”, многу е веројатно вашето дете да е флегма – тип.

Дете кое постојано нешто сака

zahtevna beba

Ова дете е совладано од емоциите и ги сака работите кои му се навистина важни. Овие деца понекогаш знаат да бидат тешки, но многу често стануваат навистина интелигентни.

Напиши коментар