Еуфоријата за новогодишните празници полека ни тропа на портите, и веќе размислуваме што да облечеме за најлудата ноќ во годината.
За да ви излеземе во престрет и за да ви помогнеме во изборот, ви претставуваме неколку модели на обувки кои ќе бидат идеални за свечените денови кои се наближуваат. Ова е идеален избор за модерни и урбани девојки, но и за дами кои сакаат да изгледаат отмено и елегантно.







