Мода

Какви наочари најмногу му одговараат на вашето лице

Наoчарите, одамна не се само визуелна поддршка туку и детал кој го дефинира вашиот стил. Без нив не можеме да си го замислиме летото, па затоа им посветуваме големо внимание. Барањето на совршени наочари е приближно со барањето на сродна душа! Мора да пробате различни типови се додека ги најдете оние кои ги задоволуваат вашите критериуми.

1-kakvi-naochari-najmnogu-mu-odgovaraat-na-vasheto-lickeif.mk

Округло лице

2-kakvi-naochari-najmnogu-mu-odgovaraat-na-vasheto-lickeif.mk

Ако имате округло лице, тогаш должината и ширината на вашето лице се еднакви, па затоа е најдобро да се одлучите за очила кои визуелно го издолжуваат вашето лице. Најдобар облик за вас е четвртастиот , т.е. правоаголни или очила со квадратен облик кои го зафаќаат “целото” лице. Исто така, може да носите и наочари каде што е истакнат само горниот дел од рамката, како на пример веќе долгопозантите авиаторки.

Срцевидно лице

3-kakvi-naochari-najmnogu-mu-odgovaraat-na-vasheto-lickeif.mk

Широко чело и значително потенка брада се каректирстиките на ваквото лице. Ако имате вакви црти мора внимателно да избирате наочари. Најдобри се добро познатите авиаторки или наочари без рамки. Исто така и мачкестите наочари би ви одговарале совршени, а секако и оние во облик на пеперутка, меѓутоа без да бидат во некоја премногу забележлива боја. Избегнувајте ги сите оние наочари кои се премногу украсени во горниот дел!

Четвртасто лице

4-kakvi-naochari-najmnogu-mu-odgovaraat-na-vasheto-lickeif.mk

Ова лице се одликува со јака вилица и широко чело. Иако описот не звучи најженствето сепак вакво лице имаат многу познати и преубави дами (Џесика Алба, Анџелина Џоли..). Основното правило во овој случај глас: Спротивностите се привлекуваат! Затоа, бирајте овлни и заоблени рамки кои визуелно ќе ги омекнат вашите црти.Исто така бирајте и мачкести ночари, а храбрите девојки може и модели со цвеќиња, машни и сл.

Овално лице

5-kakvi-naochari-najmnogu-mu-odgovaraat-na-vasheto-lickeif.mk

Пропорционален и складен однос на челото и вилицата го прават овој облик најблагодарен за бирање на очила за сонце кои одговараат. Кој тренд и да е актуелен, девојките со вакво лице може да го носат, бидејќи нив подеднакво добро им стојат сите модели. При избор на наочари треба да водите сметка само за нивната големина, колку помало лице толку помали наочари.

Напиши коментар