Мода

Какви обувки ќе се носат оваа сезона

Трендовите оваа сезона одат во прилог на удобноста и практичноста.

Високите потпетици никогаш не излегуваат од мода, но за сезоната пролет-лето 2016 ќе бидат поудобни и постабилни.

Исто така, рамните обувки се вистински хит и се истакнуваат како подеднакво добар избор за секоја прилика.

Ние најмногу се радуваме на продолжувањето на трендот на носење патики секогаш и секаде, но овојпат во многу посмели и далеку од спортски варијанти.

Ова се моделите што ќе бидат актуелни оваа сезона.

Блок потпетици: Чевлите и сандалите со широка блок потпетица се најголемиот хит моментално. Овој модел ви ја дава потребната висина без стравот од тенките потпетици. Идеални и за дневни и за вечерни комбинации, овие модели ќе станат омилени во сечиј женски плакар.

Смели платформи: Трендот на 70-тите продолжува. За дамите кои не се откажуваат од вртоглаво високите потпетици, оваа сезона ќе се носат обувки со висока предна платформа и тоа зачинети со несекојдневни дезени.

Необични балетанки: Рамните обувки се многу популарни оваа сезона и ќе се носат модели што привлекуваат внимание: на врзување, со животински дезени, светкави детали и апликации.

Кломпи: Моделите на кломпи на висока потпетица, особено оние со отворени прсти, ќе бидат вистински хит. Изберете стабилни широки потпетици и носете ги во лежерни дневни комбинации.

Впечатливи патики: Уште трае трендот на патики како модерни обувки што се носат со сè и сешто. Следната сезона пролет-лето ќе се носат во впечатливи бои и откачени дезени и детали.

Високи потпетици на врзување: Врвците се  хит сезонава. Моделите со високи потпетици станаа многу поудобни со додаток како врвците што ја држат ногата стабилна. Исто така го свртуваат вниманието на стапалата, па комбинирајте ги со наједноставни аутфити во кои главен адут ќе бидат штиклите.

Pixel.mk

 

Напиши коментар