Здраво тело

Калинка – зрнца полни витамини

Калинката е овошје кое не ја загубило популарноста и покрај сите новосоздадени овошја.

Оригинално потекнува од Средниот Исток, Азија. Позната е под имињата кинеско јаболко и гранада.

Калинките најмногу се одгледуваат во Индија, Африка и САД, бидејќи нив им треба многу топла клима.

Дрвото на кое растат калинките живее со години. Тоа е одличен декор во вашата градина или вашиот двор.

Калинките имаат тркалезен, сферичен облик со тврда кора. Внатре во овошјето има многу црвени семчиња.

Калинката има цитрусен вкус, многу е сочна и вкусна.

Како и сите овошја, па така и калинката во последно време е комерцијализирана и може да се најде во различни форми, бои, облици и големини во маркетите.

Во кујната се користи многу. Од неа се прават џемови, сокови, сосови за салата, па дури и вино.

Калинката е богата со антиоксиданси, витамините б1, б2, б2, б5, б6, б9, витамин ц, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк.

 

Напиши коментар