Дестинации

Кандован – селото од вулкански камен

Во североисточниот дел на Иран, на границите со Азербејџан, се наоѓа провинција обрасната со планини. Колку повеќе ги искачувате планините, Вие забележувате „чудни“ живеалишта. Всушност, станува збор за пештерски живеалишта изработени од вулкански камен.

Најчесто, истите се двоспратни.Првиот спрат се користи за чување животни,а вториот спрат е оној каде што во скромни услови, селаните го живеат своето секојдневие. Повеќето живеалишта ги уживаат сончевите зраци во текот на денот, што им одговара и на самите жители. И покрај камените материјали, куќичките имаат стаклени прозорци. Најинтересниот факт е дека куќичките имаат циркулација на воздухот, кој во лето лади, а во зима.

Во денешни услови, овие куќички имаат пристап и до електрична енергија. Можеби клучниот факт за заинтересираноста која во последно време се јавува меѓу туристите, е изворот во непосредна близина, кој е лековит и се верува дека прави чуда…Погледнете ги следниве фотографии и уверете се дека ова место вреди да се посети.

Write A Comment