Како и останатиот зеленчук од овој род (зелка, брокули, кељ ), карфиолот содржи индол кој ги стимулира ензимите да го блокираат развојот на канцер.
Истражување спроведено на онколошкиот институт на универзитетот во Питсбург, покажало дека фенетилот, кој се ослободува со сечење и џвакање на карфиолот, го успорува формирањето на крвни садови кои хранат одредени видови на рак и го спречуваат појавувањето на тумор.
Покрај тоа карфиолот содржи глукозинолат кој помага на јетрата да ги исфрли токсинит, додека соединението сулфорафан потикнува создавање на ензими чие што дејство ги убива ќелиите на рак. Така овој зеленчук богат со витамини А, Б и Ц содржи висок процент и на рибофлавин, ниацин, калциум, железо и фосфор.