Новости

Ким Кардашијан – од старлета, до насловна во најпознатиот финансиски магазин

Многупати се има случено медиумите, но и јавноста да ја критикува поради нејзините фотографии и професија, но една насловна може да го промени сето тоа.

Имено Ким е ѕвезда на новиот број на престижниот финансиски магазин „Forbes“ во кој е претставена како една од новите могули. „Не е лошо за девојка без талент“, напиша Ким на социјалните мрежи реферирајќи се притоа на едно старо интервју во кое новинарката Барбара Валтерс токму со овие зборови ја опиша познатата реалити ѕвезда.

Ким насловната страна ја заслужи со мудрите бизнис одлуки. Нејзината мобилна игричка за само две години направи преку 160 милиони долари, а симната е преку 45 милиони пати. Но приходот од оваа игричка е само 40 % од нејзината заработка од минатата година поради што го доби и 42 место на листата меѓу најбогатите селебрити личности. Откако бројни ја осудија поради нејзиното влегување во светот на технологија, советувајќи ја да се држи до реалити телевизијата, Ким одлучно продолжи. „Ова ми е забавно. Сега развивам Кимојија и нова апликација и уште милион идеи. Не мислам дека сега ќе застанам.“

Па ова дефинитивно се постигнувања кои не можеме и не треба да ги занемариме, нели? Браво Ким, само продолжи така!

Напиши коментар