Здраво тело

Кимот лечи се освен смрт

Кимот е билка која самата никнува и е моќна да заштити, ублажи болка, спречи заболувања… Тој е еден од најстарите лекови. Интересен е фактот што дури и во гробницата на Тутанкамон било пронајдено едно шишенце со масло од ким.

Источните народи велат дека црниот ким може да ги излечи сите болести, освен од смртта.

Кимот го зајакнува желудникот, го поттикнува правилното работење на системот за варење, исфрлање на мокрача. Позитивно влијае на болестите на белите дробови, на кожните заболувања, ја смирува астмата, ја намалува кашлицата, го зајакнува имунитетот.

Кога се во прашање жените успешно ги намалува менструалните болки, ги олеснува болките при пораѓај, а за време на доењето им овозможува млеко на доилките.

Маслото од црн ким е толку моќно што може да ја намали мигрената, да го излечи бронхитисот, да ги намали ревматските болки…

За да ги постигнете овие ефекти доволно е да земате по 25 капки три пати во денот.

Напиши коментар