Motherhood

Ќе присуствувате на пораѓањето на жена ви? – Еве што ве советуваат „искусните“ татковци

Породувањето истовремено е и убаво но и тешко искуство. Често кај жените се појавува страв и збунетост, па затоа во текот на породувањето покрај себе сакаат да го имаат својот партнер.

Еве неколку совети за идните татковци од веќе „искусните“ татковци :

Нека не ви е тешко било што да направите.

„Бидете пристојни и коректни кон медицинските сестри, бидејќи поголемиот дел од времето со нив ќе комуницирате. Кога ќе дојде времето за самото породување, само бидете тука – тоа е доволно. Среќно!“

– Среќен татко

Јас сум крупен човек, а мојата сопруга е ситна и нежна.

„Одеднаш почна да ми ја стиска дланката, па помислив дека сите коски ќе ми ги искрши. Не можев да поверувам колку сила има во тоа мало ситно женско тело. Ми дојде да викнам од болка, ама ми беше срам гледајќи ја неа како се мачи јас да паничам за еден стисок.

Фатете ја партнерката за рака. Навидум тоа е ситна и безначајна работа, но на неа многу ќе и значи.“

– Паничарот

2-kje-prisustvuvate-na-poragjanjeto-na-zhena-vi-eve-shto-ve-sovetuvaat-iskusnite-tatkovci-keif.mk

Само бидете внимателни и грижливи.

„Иако охрабрувачките зборови се добредојдени, молчењето е понекогаш злато. Особено ако имате навика често да треснете некоја глупост. Мојата сопруга почна да добива болки околу 22h, а јас пак „се истрчав“ и реков дека е доцна и дека сум многу гладен. Е, да, и не туку шетајте лево-десно… им пречите на сестрите и на докторите.“

– Потресен

Знаете ли дека некои мажи го споредуваат породувањето со некои сцени од филот „Вонземјанин“ ?

„Насекаде има крв, телесни течности и бидете подготвени на тоа. Доаѓањето на бебето на овој свет не е баш вистински момент за гадење, бидејќи така само ќе им одите на нерви на медицинските лица околу.“

-Згрозениот, збунет татко

3-kje-prisustvuvate-na-poragjanjeto-na-zhena-vi-eve-shto-ve-sovetuvaat-iskusnite-tatkovci-keif.mk

Масирајте и го грбот на сопругата додека има болки.

„Стоев наведнат над неа повеќе од еден час за да и го масирам грбот. Веќе и мене грбот почна да ме боли, а рацете ми беа суви и груби. Случајно со прстите пипнав од плодовата вода и кога почнав повторно да ја масирам по грбот, одеше како подмачкано, буквално! Така, до крај на породувањето го користев тој трик. Ете, бидете снаодливи, тоа е мојот совет.“

Напиши коментар