Motherhood

Клучот за успешен брак е…

Не е тешко да претпоставиме кој е вистинскиот клуч… Водењето љубов е клучот за мирен брачен живот.

Научниците од Универзитетот во Чикаго тврдат дека формулата за среќен брак и не е толку комплицирана, бидејќи таа се базира на активниот сексуален живот.

Тие до овој заклучок дошле откако извршиле анкетирање и анализа направена на 732 брачни парови од 47 до 88 години.

Тајната на долгата, хармонична и успешна заедница е во сексот. Брачната среќа во најголема мера зависи од среќата во креветот, тврди Џенифер Ролинс шеф на истражувачкиот тим.

Партнерите кои редовно водат љубов, во сите категории во истражувањето, покажале дека се посреќни од оние кои тоа го прават повремено. Исто така, редовниот секс позитивно делува и на здравјето. Паровите кои се помалку активни во постелата, честопати имаат проблем со високиот крвен притисок.

Напиши коментар